Цените на сите производи од www.carbox.mk, се дадени со вкалкулиран ДДВ од 18%. Секој може да постави нарачка на веб продавницата како регистриран корисник или корисник гостин. Саканите производи се додаваат во кошничка, а на крајот се потврдува нарачката. По завршувањето на нарачката купувачот добива потврда за направената нарачка преку е-пошта, на наведената адреса.

Доставата на производите се врши преку брза пошта и е бесплатна низ цела Македонија за вкупна сума на нарачката што надминува 990 денари. Во спротивно, доставата се наплаќа и чини од 150 до 210 денари во зависност од килажата на пратката. Одредени производи не подлегнуваат на бесплатна достава дури и во случај вкупната сума на нарачката да е над 990 денари. За оние производи за кои не важи бесплатна достава, истото е наведено во нивниот опис. Во случај некој од нарачаните производи во моментот да го нема на залиха, купувачот ќе биде исконтактиран преку е-пошта или телефонски, на наведениот број.

Наплатата на производите и на поштенската услуга се врши при достава на робата.

Дизајн qwerty.mk

Врати се горе