Политиката за приватност на www.carbox.mk појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб продавница. Оваа политика на приватност се однесува само за www.carbox.mk и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Информациите кои нам ни се потребни се: име и презиме, e-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.

Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.
Страната www.carbox.mk, односно www.carbox.mk не собира никакви информации од финансиска природа како број на kартичка и/или број на банкарска сметка.

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и www.carbox.mk, нема намерно да собира или користи податоци од малолетни лица.

 

Веб продавницата ги презема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.

Колачиња
Доколку ја посетете нашата страница за најавување, Ние ќе поставиме привремено колаче за да утврдиме дали вашиот прелистувач прифаќа колачиња. Тоа колаче не содржи лични инфформации и ќе биде отфрлено кога ќе го затворете вашиот прелистувач.

Кога се најавувате, Ние поставуваме неколку колачиња за да ги зачуваме вашите информации за најава и избор на екран(страница). Колачињата за најавување траат 2 дена, а колачињата за опции за екран траат 1 година. Доколку ја изберете опцијата „Запомни ме”, вашето најавување ќе трае две недели. Доколку се одјавите од вашата сметка, колачињата се најава се отстрануваат.

Врати се горе