Рокот за испорака до вашиот дом е во рамките на 24 часа до 4 работни дена од нарачката, освен при празници. Можни се доцнења за кои ќе бидете известени од наш соработник. Атомем не сноси одговорност за доцнења во случај кога задоцнувањето е предизвикано од компанијата која ја врши испораката или поради причини независни од Атомем.

Атомем може да побара дополнителна потврда на нарачката по телефон или е-пошта. Во случај да биде откажано барањето на потврда, тоа автоматски води до отказ на нарачката со или без дополнителна информација.

При наведени невистинита или грешна адреса, лице за контакти и/или телефон при во порачката, Атомем не е обврзан на било какво исполнување на истата.

Веднаш по испораката, производите треба да бидат внимателно прегледани од страна на купувачот или лице ополномоштено од него. При евентуално оштетување, удари или други штети установени при испораката, потребно е штетата да се пријави во одделот за онлајн продажба телефонски, на некој од наведените контакт телефони.

При предавање на производите, купувачот/клиентот или трето лице задолжително потпишуваат испратница и други придружни документи. За трето лице се смета секој, чие име не е наведено во порачката, но го прима производот на адресата наведена на нарачката.

Во случај, кога клиентот не е достапен за исполнување на нарачката во договорениот термин и на наведената адреса, или не е обезбеден пристап и услови за предавање на производот во тој рок, Атомем се ослободува од обврската да ги испорача производите наведени во нарачката.

Кога испорачаните производи не соодвествуваат на направената нарачка, клиентот може да побара производите да му бидат заменети со нови, доколку направи нова порачка во рок од 24 часа од испораката.

Потрошувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Замена на производот се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или фактурата или сметко-потврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот. Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот Атомем нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:

– да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или

– да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.

 

Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има или нема таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето (според Член 50 од ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ).

Врати се горе