УСЛОВИ И ПРАВИЛА НА КУПУВАЊЕ

  1. Правила на купување

Со купување на било кој производ од сајтот Вие се согласувате со Општите правила и услови, вклучувајќи ги и Условите и правилата на купување.

Цените на сите производи на страницата carbox.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. Секој купувач кој сака да направи нарачка и почне процес на купување треба да биде регистриран. Саканите производи се додаваат во кошничка, а на крајот се потврдува нарачката. По завршувањето на нарачката купувачот добива потврда за направената нарачка преку е-пошта,наведена при негова регистрација на страницата. Доставата на производите се врши преку брза пошта/ карго  и е бесплатна низ цела Република Северна Македонија за вкупна сума на нарачка поголема од  990 денари (од 991 денар). Во спротивно, доколку вкупната сума на нарачка е до 990 денари доставата се наплаќа од 150 до 210 денари зависно од тежината на пратката. Одредени производи не подлежат на бесплатна достава дури и ако вкупната сума на нарачката е поголема од 990 денари. За оние производи за кои не важи бесплатна достава, истото е наведено во нивниот опис. Во случај некој од производите да го нема на залиха, купувачот ќе биде исконтактиран преку доставената e-mail адреса или доставениот телефон.

Купените производи се плаќаат електронски со следните платежни картички: Visa, Visa Electron, Mastercard, Maestro (само доколку има CVV2/ CVC код на задната страна на платежната картичка која ја користи купувачот) а наплатата се врши преку нашиот партнер Комерцијална Банка АД Скопје. Плаќањето на купените производи може да се врши и при достава.  За начинот на плаќање можете да бирате при процесот на купување.

  1. Правила на испорака

Испораката на производот/ производите се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот во рок од 72 часа. Сите производи се испорачуваат во определениот рок и условите кои ги одбрал купувачот при нарачка/ купување. Производите се испорачуваат со гаранција (доколку за истиот постои), испратница и фактура за извршеното плаќање. Секој купувач е должен при испорака да го провери производот за евентуални оштетувања, грешки при транспорт, а доколку пратката се состои од повеќе производи да провери дали некој производ недостасува.

Доколку службата за испорака не успее да го најде купувачот на наведената адреса за испорака, ќе остави писмено известување и ќе се обиде да воспостави контакт, користејќи ги податоците оставени од страна на купувачот.

  1. Правила на враќање

Доколку производот е испорачан оштетен и/ или одреден производ недостасува и/ или производот кој му е доставен не е во согласност со нарачката која ја направил купувачот, купувачот треба да не информира веднаш (најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката), на телефонскиот број 075 452 295 или на e-mail адресата: info@carbox.mk за да може да се направи соодветна замена. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите, на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнето барање треба да го пратите на адресата info@carbox.mk, во рок од 15 дена сметано од ден на купување. Производот кој се менува купувачот го враќа назад на адреса дадена од страна на оператор на carbox.mk преку брза пошта или со лична достава на адреса дадена од оператор на carbox.mk на трошок на купувачот.

Во случај купувачот да сака да го врати производот тогаш тој се прави согласно пропишаните закони, со поднесено барање за враќање на производ на e-mail адреса: info@carbox.mk, во рок од 15 дена сметано од денот на купување. Производот кој се враќа купувачот го враќа назад на адреса дадена од страна на оператор на carbox.mk преку брза пошта или со лична достава на адреса дадена од оператор на carbox.mk на трошок на купувачот. Рефундирање на средствата се врши по прием на вратениот производ назад. Доколку производот е платен во готово тогаш и средствата ќе бидат вратени во готово. Во случај производот да е платен со платежна картичка, средствата ќе бидат вратени преку сторнирање на трансакцијата во матичната банка, стандардна процедура за чија реализација е потребно време.

Производите кои се заменуваат/ враќаат треба:

  • да не се употребувани и заедно со амбалажата да се во иста состојба како што се купени.
  • амбалажата несмее да биде оштетена на било кој начин и истата мора да ги има фабричките пломби и етикети.
  • клиентот да ги приложи фискалната сметка и пропратната документација.
Политика за враќање

Политика за враќање

При секое барање на маил добивате информација дали истото е прифатено или одбиено.

Име
Презиме

Пребарување производи

Пребарувањето на производи можете да го направите со еден клик на некоја од опциите во Под Менито (Автокозметика, патосници, бришачи…).

Дополнително, пребарување за тековни акции и последни намалувања со еден клик во хедерот.

Дополнително, пребарувањето по шифра на производ, име на производ или бренд може да го направите во средишната лента за пребарување.

Дополнително, пребарувањето може да го направите со помош на филтри од левата страна. Пребарување по бренд и прецизна категоризација на производите.

Додавање на производи во корпа

Го отворате посакуваниот производ, одбирате количина и потоа кликате на ‘’КУПИ’’.

Добивате потврда дека производот е успешно додаден во кошничка.
Доколку сакате веднаш да ја отворите кошничката, кликате на “Прегледај Кошничка”.

За да продолжите кон плаќање, кликате на “Наплата” или  “Продолжи со купување”

Детали за испорака

Ги пополнувате полињата во “Детали за Испорака”. Полињата означени со ѕвезда се задолжителни. Доколку податоците за испорака се исти, го чекирате полето “Податоците за испорака се исти” и податоците сами се префрлаат.

Начин на плаќање

Во начин на плаќање одбирате како сакате да ја платите вашата нарачка, даватe согласност на условите на користење и кликате на “Продолжи”.

Потврда на нарачка

Ја потврдувате нарачката со кликање на “Потврди”.

Со еден клик информации за Бесплатна замена, Испорака до дома и  Бесплатна подршка

Врати се горе