Пеномат за пена под притисок е практичен и ефикасен алат за авто деталинг кој се користи за нанесување на густа активна пена на површината на автомобилот. Со помош на пеноматот, нечистотијата на возилото се омекнува и полесно се отстранува при миењето.
Пеноматот се поврзува со апарат за миење под висок притисок и овозможува рамномерно нанесување на пена на целата површина на возилото. Овој процес е идеален за предмиење на автомобил, бидејќи ја намалува можноста за гребнатини при контактно миење.
Благодарение на можноста за регулирање на количината на пена и аголот на прскање, пеноматот е погоден и за професионална и домашна употреба.
Карактеристики
✔ Создава густа и квалитетна активна пена
✔ Идеален за предмиење на автомобил
✔ Подесување на количината на пена
✔ Можност за промена на аголот на прскање
✔ Брза и лесна монтажа на апарат за висок притисок
✔ Погоден за авто деталинг и професионално миење
Начин на употреба
-
Одвртете го садот на пеноматот за пена под притисок.
-
Наполнете го со средство за чистење или активна пена.
-
Поврзете го пеноматот со цревото од апаратот за висок притисок.
-
Нанесете ја пената рамномерно на сувото возило.
-
Количината на пена може да се регулира со копчето на горниот дел од уредот.
-
Со вртење на предната млазница, аголот на прскање може да се промени од вертикален во хоризонтален.
-
Оставете ја пената кратко време да делува.
-
Исплакнете со чиста вода.






