Sonax Profiline 05-05 е професионална полир паста која комбинира моќ на абразија и завршен сјај во еден производ. Таа е идеална за универзална употреба и е погодна за сите видови автомобилски бои.
Формулата е со средно ниво на абразивност. Тоа значи дека успешно ги отстранува видливите гребнатини, матност и знаци од стареење на бојата. Во исто време, пастата остава рамномерно мазна површина со впечатлив сјај.
Оваа паста е особено популарна кај професионалните detailer-и. Со неа може да се постигне одличен резултат и при едностепено полирање, што заштедува време и напор.
Погодна е за работа со ротирачки и орбитални машини, но може да се користи и рачно за помали делови. Благодарение на формулата, нема појава на халограми и обезбедува чист и блескав финиш.
Придобивки на Sonax Profiline 05-05:
-
Универзална паста за сите автомобилски бои
-
Отстранува средно длабоки гребнатини и матност
-
Обезбедува длабок сјај и рамномерна површина
-
Може да се користи за едностепено полирање
-
Без халограми, професионални резултати
Употреба: нанесете мала количина од пастата на сунѓер за полирање. Работете рамномерно со соодветна машина или рачно. Завршете со микрофибер крпа за совршен финиш.
Со Sonax Profiline 05-05 добивате сигурност, квалитет и брзи резултати – германски стандард за беспрекорен изглед на вашиот автомобил.









Критики
Нема критики сеуште.