Kabli za start Praxis – 400 A 5735
Моќни и практични, Praxis каблите за старт од 400 ампери се совршени за автомобили и комбиња со зафатнина до 2000 кубика. Со должина од 2.5 метри и издржливост до -25 степени, овие кабли овозможува удобен и безбеден пристап дури и во потешки услови. Изработени се од висококвалитетни проводни материјали и издржлива изолација за максимална сигурност и перформанси. Со Praxis каблите, стартувањето на акумулаторот станува брзо и едноставно.
Инструкции за употреба:
- Осигурајте се дека двете возила имаат ист поларитет, односно дека двете возила имаат исто позитивно или исто негативно заземјување.
- Исклучете ги сите електронски уреди кај двете возила, и исклучете го контактот.
- Ставете го менувачот во лер и кренете ја рачната кочница.
- Возилата не смее да се допираат.
- Поврзете го црвениот кабел со позитивната (+) клема на полниот акумулатор, а другиот крај на позитивната клема на празниот акумулатор. Потоа, поврзете го црниот кабел со негативната (-) клема на полниот акумулатор и другиот крај на негативната клема на празниот акумулатор.
- Запалете го моторот на возилото со полн акумулатор и оставете го да работи околу 1 минута. Потоа, запалете го моторот на возилото со празен акумулатор и дозволете му да работи најмалку 1 минута, избегнувајќи прегревање на каблите.
- Исклучете го моторот на возилото со полниот акумулатор, а потоа исклучете ги каблите во обратен редослед.
Критики
Нема критики сеуште.