Кабли за старт Praxis - 200 A 5737 ЦЕНА: 536 ден
Кабли за старт Praxis - 600 A 5734 ЦЕНА: 1,224 ден

Кабли за старт Praxis – 400 A 5735

Има на залиха

Шифра:5735

ЦЕНА: 740 ден

Kabli za start Praxis – 400 A 5735

1. Проверете и осигурајте се дека двете возила имаат ист поларитет, односно дека двете возила имаат исто позитивно или исто негативно заземјување.

(Сите возила произведени по 1980 година имаат негативно заземјување).

2. Исклучете ги сите електронски уреди кај двете возила, и исклучете го контактот. Ставете го менувачот во лер (или P-паркинг кај автоматски менувач) и кренете ја рачната сопирачка. Возилата не смее да се допираат.

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ КАЈ ВОЗИЛА СО НЕГАТИВНО ЗАЗЕМЈУВАЊЕ

Поврзување на каблите за старт

1. Поврзете го ЦРВЕНИОТ кабел со позитивната (+) клема на полниот акумулатор.

2. Поврзете го другиот крај од ЦРВЕНИОТ кабел со позитивната (+) клема на празниот акумулатор.

3. Поврзете го ЦРНИОТ кабел со негативната (-) клема на полниот акумулатор.

4. Поврзете го другиот крај на ЦРНИОТ кабел со необоен поголем дел од шасијата или

моторот на возилото кое го има празниот акумулатор.

5. Уверете се дека овој дел на поврзување е подалеку од акумулаторот, карбураторот, цревата за гориво или цревата за сопирачки за да се намали ризикот од појава на искри.

ПАЛЕЊЕ

1. Каблите мора да бидат подалеку од сите движечки делови на моторот.

2. Запалете го моторот на возилото со полн акумулатор и дозволете да поработи околу 1 минута.

3. Запалете го моторот на возилото со празниот акумулатор. По палењето, дозволете му на моторот да работи најмалку 1 минута (НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ каблите премногу да се загреат). Доколку се прегреат, исклучете го моторот и дозволете каблите да се оладат.

ИСКЛУЧУВАЊЕ НА КАБЛИТЕ

1. Исклучете го моторот на возилото со полниот акумулатор.

2. Исклучете ги каблите обратно од процесот на приклучување.

3. Особено внимавајте на движечките делови на моторот кога ги исклучувате каблите за палење кај возилото чиј мотор работи.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

1. Можно присуство на експлозивни гасови. Бидете особено внимателни да не создадете искри.

Згаснете ги цигарите и сите можни извори на оган.

2. Оневозможете меѓусебен контакт на клемите или нивен контакт со шасијата на возилото.

3. Пред работата околу акумулаторот, отстранете ги сите додатоци и накит од рацете и вратот.

4. Држете ги рацете и деловите од облеката (особено вратоврски, ланчиња или марами) подалеку од вентилаторот на возилото и од другите движечки или жешки делови на моторот.

5. Возилата не смее да се допираат.

6. Доколку возилото не пали со каблите за старт, побарајте техничка експертска помош.

7. По употребата, вратете ги каблите во пакувањето за да се оневозможи нивно оштетување.

Тежина 0.85 кг
Големина

200A, 400A, 600A

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Кабли за старт Praxis – 400 A 5735”
TypeWidthProfileSizeSpeed
Врати се горе