-ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Дозволете ни да Ви објасниме зошто, каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи/ корисници на нашата интернет страница. Оваа политика на приватност се однесува за www.carbox.mk и сите негови поддомени. За успешна и соодветна обработка на нарачките информации кои ни се потребни при регистрација и/ или купување се :
-име и презиме
-e-mail адреса
-адреса за достава
-телефонски број за контак

Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме корисниците/ купувачите за моменталниот статус на нарачката и за кампањи кои се актуелни во моментов. Ние, Атомем ДОО Скопје, како Контролор, се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. При регистрација и/ или купување ги собираме само неопходните основни податоци за корисниците/ купувачите и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрата деловна пракса и давањето квалитетна услуга. Овие податоци ги анализираме и обработуваме со цел на нашите корисници/ купувачи да им овозможиме едноставно користење и купување. На нашите корисници секогаш им е достапна и можноста за промена, ажурирање и корекција на нивните податоци како и одјава од маилинг листата. Сите податоци кои се собираат се чуваат кај нас, строго и се достапни само за вработените чија редовна работна активност е поврзана со нивна обработка (како евидентирање на нарачка, вршење на достава…) и нема да се користат за никакви други цели ниту да се продаваат или доставуваат на трети страни освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија. Личните податоци се чуваат се додека корисниците на веб страницата www.carbox.mk не ја повлечат согласноста.

Информациите од финансиска природа, како на пример број на картичка и слично, не се чуваат од наша страна туку од страна на банката со цел наплата на производите и спроведување на трансакцијата (процесот на трансакција е пренасочен и се процесира преку порталот на банката).

Carbox.mk користи и таканаречени „cookies“ кои по дефиниција се користат за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. „ Cookies“ се мали текстуални датотеки кои се запишуваат во уредот на корисникот при посета на веб сајтот, чуваат информации за постапките на корисниците во веб прелистувачот. Тие се доделуваат единствено на корисниците на начин на кој при повторна посета на истата страница ви заштедуваат време и не треба повторно да се поставуваат. Некои од колачињата се неопходни за функционирање на страницата, а некои за собирање на статистички податоци. Сите информации кои ги запишуваат колачињата се со цел оптимизирање и унапредување на функционалноста на веб страницата. Тие не се поврзуваат со Вашите лични податоци и се користат исклучиво за статистички анализи и тоа на начин на кој приватноста на корисниците нема да биде загрозена.

Корисникот има право во секој момент да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци доколку смета дека обработката на неговите лични податоци ги прекршува одредбите од Законот за заштита на лични податоци. Секој корисник/ купувач на carbox.mk при регистрација и/ или купување изјавува дека е запознаен со нашата Политика на приватност и согласен со наведените услови на користење.

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ:

Кристијан Митровски

Телефонски број: 075 326 131

e-mail: kristijan.m@atomem.mk

КОНТРОЛОР НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ:

ДПТУ АТОМЕМ ДОО Скопје

ЕДБ: 4030993104028

e-mail: info@atomem.mk

Ул. Петре Георгиев 114 Кр.1, Општина Центар, Република Северна Македонија

Врати се горе